Добра вест за „вардарци“, сите тестови се негативни

Капитенот Стојанче Стоилов е единствениот ракометар на Вардар позитивен на коронавирус, откако сите останати тестови врз „црвено-црните“ биле со негативни резултати.

По позитивниот тест на македонскиот репрезентативец беше извршено тестирање врз сите останати ракометари и членови на стручниот штаб, а во таборот на „вардарци“ владееше страв од поголем број заразени пред саботниот дуел против Нексе во рамките од СЕХА-лигата.

Сепак, пред денешниот тренинг пристигнале резултатите од тестирањето, сите „вардарци“ биле негативни, по што се ставиле на располагање на тренерот Алушовски и почнале со подготовки за пресметката со Нексе.

Се вчитува...