Црвена Звезда денеска од 18 часот и 45 минути ќе се обиде да стигне до еден најголемите камбека во историјата на Лига Европа откако по првиот осминафинален натпревар со Ренџерс има негатива од 3-0. Јасно е дека шкотскиот тим го очекува „пекол“ на Маракана, но во пресрет на мечот пеколно е и на улиците на Белград.
Имено, вчеравечер околку 25 навивачи на „црвено-белите“ пред хотелот Метропол во центарот на главниот град нападнале група навивачи на гостинскиот состав, а исти сцени се случиле и на останатите места каде што се сместени Шкотланѓаните. За среќа брзата интервенција на полицијата спречила голем инцидент.
17.03.2022, Crvena Zvezda🇷🇸 attacked Rangers🏴 https://t.co/Fjy3xrlEmQ#zvezda #crvena #hooligans #RangersFC #Rangers pic.twitter.com/wlQMo0Z8mq
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) March 17, 2022
УЕФА и српската полиција ги советуваат гостинските навивачи да не патуваат сами или во помали групи и исто така да избегнуваат да носат клупски обележја на улиците на Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА