Добри и лоши вести за Борусија Дортмунд во битката за место во ЛШ

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, зборува во пресрет на викендот на гостувањето кај Фрајбург во Бундеслигата. „Жолто-црните“ го добија последниот натпревар против четвртопласираниот Мајнц 05, но сепак заостануваат седум бода зад првите 4.

Ковач започна со известување за состојбата на некои од неговите повредени играчи пред натпреварот со Фрајбург, а потоа и со Барселона во 1/4 финалето во ЛШ.

„Серху Гираси е на пат кон закрепнување. Претпоставуваме дека ќе биде достапен викендов. Никлас Суле и Емре Чан сè уште не тренирале, па ќе треба да видиме. Се надеваме дека Феликс Нмеча ќе биде дел од тимот за време на викендот“, изјави Ковач.

„Играме против директен конкурент. Апсолутно сакаме да победиме. Станува збор за константност и стабилност. Тие се многу опасен тим, играат многу интензивен фудбал. Мораме да му пристапиме на натпреварот со многу страст и висок интензитет. Сакаме да бидеме флексибилни и променливи, добро ги пополнивме нашите три позиции во одбраната”, изјави Ковач.

Сепак, дека не е се така „розово“ покажува фактот што Ковач на гостувањето кај Фрајбург нема да може да смета на Јан Коуто и Нико Шлотербек, поради жолти картони.

Се вчитува...