Партизан предводен од легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ во следното коло од Евролигата му гостува на Баерн Минхен во Германија во натпревар кој ќе биде одигран во среда со почеток од 20 часот и 30 минути, а пред истиот српскиот стратег доби и лоши и добри вести.
Лошата се состои во тоа што Обрадовиќ нема да може да смета на Балша Копривица кој го пропушта гостувањето во Минхен поради мононуклеоза, но добра вест за „црно-белите“ е што новото засилување, Бруно Каболко е подготвен за деби во дресот на регионалниот шампион.
Со три победи и четири порази Партизан е на делба на осмата позиција на табелата со уште пет тимови па ова гостување е едно од поважните во сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА