Добри настапи на каратистите на Макпетрол во Египет

Каратистите на „Макпетрол” прикажаа добри борби во најелитното натпреварување,  Карате 1 Премиер лигата, што викендов се одржа во Каиро, Египет. Петар Спасеновски (-84 кг) беше многу блиску до пласман во четвртфиналето бидејќи заврши како втор во неговата група. Откако победи во првите две борби, третата борба на Спасеновски со Валери Чоботар од Украина директно одлучуваше за понатамошниот пласман. Нашиот спортист прв дојде во водство од 1-0, но подоцна, откако судиите ги прегледаа поените, Украинецот доби два поена. Тоа беше одлучувачко за Чоботар да биде прв во групата, со што се пласираше во четвртфиналната борба.

Стефан Стојановиќ (+84 кг) беше трет во неговата група. Во првата борба стартуваше со победа, втората ја загуби минимално, а во третата борба загуби од фаворитот Хазем Мохамед од Египет.

Четвртиот турнир од Карате 1 Премиер лигата ќе се одржи во Рабат, Мароко. Македонија и на овој турнир ќе ја претставуваат спортистите од нашиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол”.

Во Каиро настапија 378 натпреварувачи од 65 држави.

На Премиер лигата настапуваат најдобропласираните каратисти во светот по категории, односно по 32 во секоја категорија. Од секоја група, натпреварите во четвртфиналето ги продолжуваат првопласираните каратисти.

Резултати – Карате 1 Премиер лига – Каиро:

-84 кг – 3 група

Петар Спасеновски – Тургут Хасанов (Азербијџан)   9-4

Петар Спасеновски – Рајбак Абделселем (Франција) 3-2

Петар Спасеновски – Валери Чоботар (Украина)       1-3

+84 кг – 3 група

Стефан Стојановиќ – Фредерико Супино (Италија)    5-1

Стефан Стојановиќ – Мераби Гелашвили (Грузија)    3-4

Стефан Стојановиќ – Хазем Мохамед (Египет)           1-5

Се вчитува...