Еден од најталентираните млади фудбалери, Џуд Белингем ова лето премина од Борусија Дормтмунд во Реал Мадрид во трансфер вреден 103 милиони евра, а Англичанецот веќе и се наметна во „кралскиот тим“ со фантастичниот погодок против Манчестер Јунајтед.
Раководството на шпанскиот гигант може да биде уште позадоволно со својот фудбалер откако беше потврдено дека покрај пасошот на Велика Британија тој ќе добие и пасош на Република Ирска од каде потекнуваат неговите баба и дедо од страната на татко му.
Тоа е значајно за Реал Мадрид бидејќи ќе може да го регистрира Белингам како домашен играч, а не како странец кој не доаѓа од државите во Европската Унија. Како потсетување, шпанските прволигаши во екипа можат да игаат до пет играчи кои доаѓаат од државите надвор од ЕУ, додека во записник на еден натпревар можат да бидат пријавени само тројца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА