Добри вести: Џошуа е стабилен, но останува во болница

Боксерскиот свет беше потресен од веста за тешката сообраќајна несреќа во Нигерија во која беше вклучен еден од најпознатите боксери на денешницата, Ентони Џошуа. Двајца негови блиски пријатели и членови на тимот, Сина Гами и Латиф Адојеле, ги загубија животите во трагедијата, додека самиот Џошуа беше повреден и однесен во болница.

Од таборот на британскиот боксер велат дека Џошуа се здобил со повреди во несреќата и е хоспитализиран на преглед и понатамошно лекување. Неговата состојба е опишана како стабилна и тој ќе остане под медицински надзор.

Во исто време, тие изразија сочувство до семејствата и пријателите на жртвите и побараа од јавноста да ја почитува приватноста на сите вклучени во овие тешки моменти, нагласувајќи дека засега нема да има дополнителни коментари.

Се вчитува...