Добри вести од Шведска поврзани со единствениот досега македонски спортски работник заразен од коронавирусот Ковид-19.
Тренерот во борење, селектор на македонската репрезентација во грчко-римски стил, проф. Љубиша Пешко е пуштен од болница и оди во домашна самоизолација каде ќе продолжи со терапиите. Пешко пред пет дена беше хоспитализиран, но по третманот во втората најдобра болница во Шведска сега се чувствува одлично и ќе продолжи со лекување во домашни услови.
„Благодарам на сите кои изминативе денови ми дадоа максимална поддршка“ – порача Пешко од Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА