Добри вести за Барселона: Јамал се враќа за Суперкупот

Непосредно пред крајот на 2024 година Барселона доби добри вести. Најдобриот млад фудбалер за годината, Јамин Ламал ќе биде подготевен за настап на Суперкупот на Шпанија кој од 8. до 12. јануари ќе се одигра во Саудиска Арабија.

Младиот Шпанец заработи повреда на лигаментот на зглобот по која се очекуваше пауза од еден месец, но рехабилитацијата се одвива во најдобар можен ред па тој ќе му биде на располагање на Ханси Флик во битките за трофеј кои започнуваат против Атлетик Билбао.

Јамал оваа сезона настапи на 16 натпревари во Ла Лига забележувајќи пет голови и 10 асистенции.

 

Се вчитува...