Добри вести за Болоња: Повредата на Шенгелија не е сериозна

Италијанскиот евролигаш Болоња ќе може да смета на Тонике Шенгелија и за престојните натпревари откако по денешните детални медицински прегледи беше утврдено дека Грузиецот не забележал значајна повреда на натпреварот против Валенсија.

Кандидатот на најкорисен играч на сезоната во Евролигата заработи повреда на зглобот на ногата против шпанскиот тим и мораше да го напушти теренот по само шест минути игра.

Триесетидвегодишнкот оваа сезона бележи просек од 13.9 поени, 5.4 скокови и 3.5 асистенции на 24 одиграни средби во најсилното европско кошаркарско првенство.

Се вчитува...