Добри вести за Бруклин – Повредата на Дурант не е сериозна

Добри вести за НБА тимот на Бруклин Нетс. Првата ѕвезда Кевин Дурант не е сериозно повреден и ќе биде надвор од терените најмалку две недели, пренесуваат американските медиуми.

На дуелот против Мајами, Дурант ги истегна медијалните странични лигаменти на десното колено, што секако е охрабрувачка информација за Нетс кои стравуваа дека може да останат без својот најдобар играч подолг период.

Искусниот кошаркар се повреди на 65 секунди до крајот на третата четвртина, по дуелот со Џими Батлер. Дурант оваа сезона одигра 39 натпревари во НБА лигата и имаше просек од 29,7 поени, 6,7 скока и 5,3 асистенции. Нетс се втори во Источната конференција со скор 27-13.

Се вчитува...