Барселона оваа зима доби нов напаѓач. Станува збор за младиот Витор Роке кој го засили каталонскиот тим од бразилскиот Атлетико Паранаенсе. Овој трансфер беше договорен изминатото лето, а сега и официјализиран.
Барселона за услугите на 18-годишникот ќе издвои 30 милиони евра, а сумата на трансферот може да се зголеми за дополнителни 26 милиони евра со бонуси кои ќе зависат и од самиот фудбалер и од каталонците.
Неговиот договор ќе биде со важност во следните осум години и истиот ќе има откупна клаузула од 500 милиони евра.
All I want for Christmas is you 🐯 pic.twitter.com/nSmJlAYJLU
— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 25, 2023
Роке оваа сезона одигра 45 натпревари во сите конкуренции за Атлетико забележувајќи 21 гол и осум асистенции. Неодамна дебитираше и за бразилската репрезентација, а наскоро се очекува и деби во дресот на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

