Актуелниот шампион на Евролигата, Реал Мадрид одбраната на шампионскиот трофеј во најелитното кошаркарско натпреварување во Европа ја започна десеткуван без услугите на Валтер Таварез и Габриел Дек, но тренерот Чус Матео веќе пред средбата против Ефес доби добри вести.
Репрезентативците на Зеленортските острови и Аргентина го надминаа проблемот со повредите и ќе бидат на теренот за утрешниот натпревар против турскиот гигант во Истанбул.
Како потсетување, Таварес имаше проблем со болест, додека Дек на средината на месец септември заработи повреда на задната ложа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА