Добри вести за Денвер: Мареј се враќа на теренот

Актуелниот шампион на НБА лигата, Денвер се мачи со формата по повредата на Џамал Мари, но одличниот канадски кошаркар се очекува наскоро да се врати на теренот по повредата на тетивата заработена на средбата против Чикаго Булс на почетокот на месец ноевмри.

Мареј нема да биде дел од составот за престојниот натпревар против Лос Анџелес Клиперс, но се очекува да му се стави на располагање на тренерот Мајк Малоун за средбата во среда против Хјустон Рокетс. Доколку го попушти и тој натпревар голема е веројатноста дека ќе биде подготвен за настап против Феникс во средбата закажана за во петок.

Канаѓанецот пред повредата бележеше просек од 16.3 поени, 7.4 асистенции и 2.6 скокови на седум одиграни натпревари.

Се вчитува...