Добри вести за Голден Стејт: Дрејмонд Грин се враќа на паркетот

Еден од најкорисните „рол“ играчи во поновата историја на НБА лигата, Дрејмонд Грин се враќа во тренажен процес и наскоро се очекува да му се стави на располагање на тренерот Стив Кер за натпреварите на Голден Стејт во најсилното кошаркарско првенство.

Грин пред почетокот на подготовките за новата сезона заработи повреда на скочниот зглоб поради која ги пропушти сите натпревари на Голден Стејт во претсезоната, но како што велат од неговиот тим Дрејмонд заздравува со темпо побрзо од предвиденото и наскоро ќе се приклучи на тимот каде повторно ќе биде еден од главните играчи.

Триесетитригодишниот крилен центар кој е дел од тимот од 2012 година со Голден Стејт освои четири шампионски трофеи, а четири пати го најде и своето место во првиот дефанзивен тим на сезоната.

Се вчитува...