Добри вести за Интер поврзани со Лаутаро

Фудбалерите на Интер се подготвуваат за дуелот со Барселона, а Симоне Инзаги доби позитивни вести пред овој натпревар.

Капитенот Лаутаро Мартинез напредува во закрепнувањето и не е целосно исклучен за овој натпревар, иако најголеми се шансите да биде на клупата.

Исто така, Бенџаман Павар се опоравува побрзо од очекуваното, денес одработи дел од тренингот со тимот и се очекува до вторник да направи дополнителен чекор, како и да биде тестиран од медицинскиот тим пред натпреварот.

Во случај Лаутаро и Павар да останат на клупата, се очекува нивните места во тимот да ги заземат Јен Бишек и Мехди Тареми, кои одиграа важни улоги на првиот натпревар на „Монжуик“.

Првиот меч меѓу двата тима заврши нерешено 3-3, и сега Интер ќе ја има предноста на домашен терен на реваншот, во обид да се пласира во финалето, второ во последните три години.

Се вчитува...