Јирген Клоп може да здивне откако по серијата проблеми со повреди на првотимци на Ливерпул конечно доби неколку добри вести од лекарскиот тим на „црвените“.
Ливерпул в недела ќе го пречека тимот на Брајтон, меч за кој Клоп би требало повторно да го има на располагање Ибрахима Конате. Францускиот дефанзивец ги пропушти последните три меча на Ливерпул, но одигра 90 минути за „триколорите“ против Чиле и речиси сигурно ќе биде во кобинација за настап со Брајтон. Камбек по повредата и паузата од повеќе од еден месец ќе има и Куртис Џонс, а во нападот ќе се појави Дарвин Нуњез, кој поради ситна повреда ги пропушти последните пријателски средби на Уругвај.
Добра вест пристигна и по деталните лекарски прегледи врз Енди Робертсон, стандардниот лев бек нема сериозен проблем со скочниот зглоб, тој можеби ќе го пропушти мечот со Брајтон, но дефинитивно ќе биде во комбинација за дербито со Манчестер Јунајтед закажано за 9 април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА