Добри вести за Манчестер Јунајтед: Маркус Рашфорд се врати на тренинзите (ВИДЕО)

Маркус Рашфорд се врати на тренинзите на Манчестер Јунајтед и се очекува да му биде на располагање на Ерик тен Хаг за завршницата од сезоната во која „црвените ѓаволи“ се борат за место во Лигата на Шампионите и титула во ФА Купот во финалето против градскиот ривал Манчестер Сити.

Англискиот репрезентативец кој оваа сезона постигна 29 голови со кои е најдобар стрелец на тимот не настапи на средбата против Вулверхемптон, но од снимката од тренинг центарот може да се воочи дека ги надминал проблемите.

Се вчитува...