Манчестер Јунајтед во четврток ќе го одигра првиот натпревар од двомечот со Атлетик Билбао во полуфиналето на Лига Европа, а пред дуелот во Шпанија на тренингот на тимот се појавија Амад Дијало и Матијас де Лихт.
Дијало поради повреда на скочниот зглоб ги пропушти средбите со Олимпик Лион и Реал Сосиедад, додека Де Лихт беше надвор од терените од 1. април. И покрај тоа што овие двајца се вратија на тренингот, остануваат неизевсни за настап на средбата во Шпанија.
„Прекрасно беше што повторно ги гледаме Дијало и Де Лихт како учествуваат со групата. Останува уште да видиме дали тие двајца ќе патуваат за Шпанија за престојниот натпревар“, стои во објавата на официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

