Тренерот на италијанскиот фудбалски шампион Милан, Стефано Пиоли е задоволен по победата на неговиот тим против Лацио од 2-0, а добра вест даде и за повредата на најдобриот играч на тимот Рафаел Леао.
Португалецот се држеше за препоните и ја напушти играта уште во 11. минута. Навивачите беа преплашени, особено што за четири дена следува првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Интер. Сепак, тренерот на „росонерите“ истакнува дека повредата не е од сериозна природа.
„Го видов и тој беше опуштен. Но, мускулните повреди бараат дополнителни тестови и ќе знаеме повеќе утре. Изгледа ветувачки. Доколку се чувствува подобро и се опорави ќе игра против Интер. Ако не, ќе ја дадеме најдобрата можна игра и без него“, изјави Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

