МЗТ Скопје вчера стигна до трофејот во Суперкупот на Македонија, натпревар во кој настапи без повредените Максвел и Мекиќ, а во текот на последната четвртина на повреда се пожали и американскиот плејмејкер Мајк Кафи.
Тој мораше да го проследи крајот на мечот од клупата, а и покрај тоа што првичните информации велеа дека станува збор за посериозна повреда, на денешната пресконференција за медиуми во пресрет стартот на АБА лигата тренерот Петровиќ изјави дека повредата не е сериозна и тој ќе настапи против белградскиот ривал во сабота.
„Со Кефи ситуацијата е добра и настапи в сабота, мислам имаше некој грч. Мекиќ и Максвел нема да бидат во конкуренција за оваа средба. Американецот има повреда на коленото и очекуваме медицинскиот тим да даде анализа. Доколку не се реши проблемот, ќе мора да бараме решение за него. Мекиќ го чекаме во тренажен процес, ама сметам дека реално еден месец ќе го нема. Во првите три средби играме со големи екипи, а за нас најважен е мечот со Студентски Центар“, изјави Петровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА