Барселона се соочи со нов проблем со повреди откако дел од тимот во следните три натпревари се очекува да не биде новото засилување Дани Олмо, но навивачите на славниот каталонски тим имаат за што да се радуваат бидејќи покрај добрите резултати кои ги бележат избраниците на Флик наскоро доаѓаат и нови засилувања.
Станува збор за Френки де Јонг и Гави кои веќе некое време се мачат со повреди, но нивата рехабилитација се одвива во вистинска насока и тие наскроо се очекува да му се стават на располагање на германскиот стартег.
Гави веќе се врати на тренинзите на тимот, додека Де Јонг кој нема настап во последните пет месеци и самиот е пред камбек на „зелениот терен“.
Gavi is “welcomed back” 😅 pic.twitter.com/ShI2x1hNWp
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 12, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА