Добри вести за Обрадовиќ: Партизан комплетен против Милано

Партизан во 28. коло од Евролигата го очекува важен натпревар во Италија каде ќе се сретне со Милано. „Црно-белите“ немаат право на грешка со оглед на изедначеноста на табелата, а добри вести за српскиот тим е тоа што по подолго време конечно нема да има повредени во тимот.

Неизвесни за евролигашкиот дуел беа Џејмс Нанали и Тристан Вукчевиќ, но Американецот и Србинот денеска тренирале со тимот што значи дека тренерот Жељко Обрадовиќ ќе може да смета и на нив за натпреварот кој ќе биде одигран во петок со почеток од 20 часот и 30 минути.

А, пак за разлика од Партизан, Милано се соочува со тешки проблеми во ростерот. Никола Миротиќ нема да може да настапи против белградскиот тим, исто како и Шабаз Нејпир, Флакадори, Тонут и Појтрес.

Се вчитува...