Олимпијакос успеа да направи „брејк“ и стигна до предност во четвртфиналната серија против Барселона во Евролигата добивајќи го првиот натпревар со 75-77 во драматична завршница во кој повреда претрпе и српскиот репрезентативец Филип Петрушев.
Крилниот центар на Олимпијакос на 35 секунди пред крајот на натпреварот имаше лош доскок откако беше сопрен со прекршок во обид за забивање и мораше со помош да го напушти теренот што наговести тешка повреда.
Сепак тренерот Јоргос Барцокас денеска соопшти вести кои ќе ги развеселат навивачите на Олимпијакос бидјеќи по деталните прегледи утврдено е дека не станува збор за сериозна повреда и се очекува тој ќе биде во комбинација за настап на вториот меѓусебен натпревар.
„Снимката на магнетната резонанца беше добра. Филип нема проблем со лигаментите, контузија или пак нешто друго, но нема да тренира денеска“, изјави грчкиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА