Кошаркарите на Партизан во четврток ќе го одиграат првото вечно дерби сезонава против Црвена Звезда, по серијата од шест порази во Евролигата.
„Вечниот“ дуел се игра во четврток на 21. ноември од 20 часот во „Белградска арена каде домаќините ќе бидат „црвено-белите“. Како што информираат српските меидуми, Тајрик Џонс, Марио Накиќ и Вања Маринковиќ треба да се вратат во тимот против тимот на Јанис Сферопулос.
Центарот на Партизан поради болки во рамото го пропушти дуелот во Бар против Морнари во АБА лигата, а патувањето за Црна Гора не започна превентивно.
Истиот извор додава дека во тимот ќе се врати и капитенот Вања Маринковиќ, кој имаше грч во грбот поради студот во „Белградска Арена“, како и Марио Накиќ.
Во дербито нема да игра Балша Корпивиќ, кој е на располагање на Светислав Пешиќ и на српската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА