Добри вести за Партизан пред двојното коло во Шпанија

Партизан во новото двојно коло во Евролигата го очекуваат гостувања кај Валенсија и Реал Мадрид во Шпанија, а за овие натпревари тренерот Жељко Обрадовиќ би можел да смета на услугите на Френк Камински кој од петокот повторно тренира со клубот, пренесуваат српските медиуми.

Американскиот центар кој ги засили „црно-белите“ ова лето заработи повреда на реброто на средбата против Панатинаикос одиграна на 30. ноември и оттогаш е надвор од теренот.

Но, и покрај тоа што 30-годишникот кој оваа сезона бележи просек од 9.5 поени, 3.5 скокови и 1.9 асистенции е подготвен за игра, неговото враќање на теренот нема да биде избрзано и тој нема да настапи на овие средби доколку нема потреба за тоа.

Се вчитува...