Добри вести за Партизан: Смаилагиќ не е тешко повреден

Победата на Партизан на гостувањето кај Сплит во 6. коло од АБА лигата за среќа не беше одбележа со тешка повреда на Ален Смаилагиќ. Крилото на „црно-белите“ претрпе удар во градниот кош во првото полувреме по кој се пожали на тешко дишење и болка и беше пренесен во локалната болница.

По прегледите потврдено е дека не станува збор за потешка повреда па 23-годишникот се врати со својот тим назад во главниот град на Србија, информираат од таборот на евролигашот.

„Во главниот град ќе биде направено дополнително снимање на градниот кош. Најважно е тоа што немаше потреба од хоспитализација па Смаилагиќ со клупската експидиција, со автобус замина од Сплит“, изјави за српските медиуми портпаролот на Партизан, Иван Ивковиќ.

Се вчитува...