Добри вести за Реал Мадрид пред гостувањето во Милано

Реал Мадрид доби добри вести во пресрет новиот натпревар во Евролигата против Олимпија Милано. Имено, во тимот се враќаат повредените Серхио Љуљ и Еди Таварес.

Центарот и плејмејкерот беа надвор од терените од 11. јануари кога заработија повреди на надворешниот латерален лигамент на десниот зглоб, односно повредата на плантарната фасција на десната нога, но повредите се надминати и тие ќе патуваат со тимот во Италија.

Таварес пред повредата бележеше просек од 10.2 поени, 7.0 скокови и 1.9 блокови по натпревар, додека Љуљ 8.4 поени и 1.7 асистенција на 21 одигран натпревар.

Се вчитува...