Добри вести за Реал: Мбапе не е сериозно повреден

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти синоќа по победата на неговиот тим од 2-3 на гостувањето против Аталанта во Лигата на шампионите информираше и дека повредата на Килијан Мбапе не е од сериозен карактер.

Мбапе уште во 31. минута го напушти натпреварот, но сепак по деталните лекарски прегледи утврдено е дека не е ништо сериозно.

„Почувствува непријатност во бутниот мускул, но тоа е само од преоптоварување. Мислиме дека не е нешто сериозно, иако се ќе кажат медицинските тестови. Почувствува болка и затоа одлучивме да го замениме“ – информираше Анчелоти по мечот, притоа осврнувајќи се и на победата над италијанскиот тим.

„Добро знаеме колку тежок противник е Аталанта, и затоа сме среќни за оваа победа. Беше тоа еден динамичен, убав натпревар, во кој ние бевме трпеливи за да дојдеме до трите бода. На вакви значајни натпревари трпението е најважна работа во фудбалот“ – истакна Анчелоти.

Се вчитува...