Добри вести за Реал: Мбапе се враќа за пресметката со Манчестер Сити!

Добри вести за Реал Мадрид пред реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити, кој се игра утре од 21 часот во Манчестер.

Најдобриот напаѓач на „кралевите“, Килијан Мбапе дефинитивно се опорави од повредата, и ќе биде во комбинација за настап на утрешниот дуел во Англија.

Претходно и тренерот Арбелоа обелодени дека се реални шансите Французинот да се врати за реваншот против Манчестер Сити во осминафиналето од ЛШ.

„Килијан тренира напорно, состојбата му се подобрува. Тој нема да игра со Елче, но планот е да може да биде во тимот за Манчестер. Да мине дуелот со Елче и в недела ќе донесеме одлука околу Мбапе, дали ќе игра со Сити“, изјави Алваро Арбелоа пред два дена.

На првиот натпревар од осминафиналето, Реал убедливо со 3-0 славеше против Сити во Мадрид, со хет-трикот на капитенот Валверде.

Се вчитува...