Добри вести за Шешко и Манчестер Јунајтед

Последниот натпревар пред репрезентативната пауза донесе голем проблем за тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим.

На средбата со Тотенхем повреда на коленото заработи Бенџамин Шешко, а и покрај тоа што проценките беа дека словенечкиот фудбалер ќе отсуствува до три месеци, деталните прегледи утврдија дека не станува збор за најтешка повреда и младиот фудбалер ќе биде надвор од терените само еден месец.

Доколку рехабилитацијата се одвива во најдобар можен ред очекувањата се дека Шешко ќе му биде достапен на Аморим за натпреварот против Вулверхемптон на 8. декември.

Се вчитува...