Добри вести за Словенија: Дончиќ ќе настапи на квалификациите за ЛОИ (ВИДЕО)

Словенија доби непроценливо засилување за квалификацискиот турнир за настап на Летните олимписки игри во Париз откако на подготовките се приклучи најдобриот словенечки кошаркар Лука Дончиќ.

За настап на асот на Далас на турнирот во Атина постоеше неизвесност со оглед на долгата сезона во НБА лигата и повредите кои го затекнаа во финалето од силниот шампионат, но според словенечките медиуми истите нема да бидат пречка за тој да го облече репрезентативниот дрес ова лето.

Словенија ја очекува тежок квалификациски турнир во кој во групната фаза ја очекуваат средби против Нов Зеланд и Хрватска, а доколку се пласира во полуфиналето и средба против Грција, Доминиканската Република или Египет кои ја сочинуваат втората група од турнирот во главниот град на нашиот јужен сосед.

Се вчитува...