Добри вести за состојбата на Бошко Ѓуровски (ВИДЕО)

Ужасна сцена на стадионот „Рајко Митиќ“ се случи утрово за време на комеморацијата за смртта на Дејан Миловановиќ, откако легендарниот Бошко Ѓуровски се урна зад говорницата бидејќи му се слоши.

За време на говорот, Ѓуровски побара чаша вода, а кога му ја донесоа и се обиде да се освежи буквално падна на земјата. Секако, здравјето на Ѓуровски ќе биде темелно прегледано и чека тестови, а најважно е што немало никаков удар врз неговото тело што веднаш би го загрозило неговиот живот. Спрските медиуми неофицијално известуваат дека Ѓуровски доживеал моментален колапс бидејќи се тресел додека држел говор.

Во продолжение може да го видите и моментот кога падна Ѓуровски:

Се вчитува...