Добри вести за Столе Димитриевски од Валенсија

Столе Димитриевски одличон напредува по незгодната повреда на рамото и паузата на македонскиот репрезентативен голман од терените воопшто нема да биде долга како што се стравуваше во прв момент.

Последните информации од Шпанија говорат дека лекарскиот тим на Валенсија е презадоволен од напредокот на Димитриевски, па Македонецот би требало веќе утре попладне да се врати во тренажен процес со остатокот од својот тим. Доколку се мине без проблеми, Димитриевски ќе патува со екипата за Германија, каде Валенсија в сабота ќе игра пријателски натпревар против Борусија Менхенгладбах.

Експресниот камбек на терените ќе ги зголеми и шансите за летен трансфер на нашиот репрезентативец, кој не е дел од плановите на тренерот при изборот на стартните единаесетмина, па веќе ги разгледува останатите опции за продолжување на кариерата.

Воедно, одлично е што Димитриевски нема долго да отсуствува ако се земе во предвид значењето на стандардниот голман за македонската репрезентација во пресрет на септемвриските квалификациски натпревари.

Се вчитува...