Добри вести за Црвена Звезда пред дуелот со Панатинаикос

Српскиот плејмејкер Милош Теодосиќ ќе настапи на вечерашниот натпревар помеѓу Црвена Звезда и Панатинаикос во 30. коло во Евролигата, потврди белградскиот гигант со објава на социјалните мрежи.

Искусниот 37-годишник поради повреда не забележа настап уште од финалето во Купот на Србија, но се чини дека проблемите се надминати. Тој беше дел од денешниот тренинг на тимот и се очекува одново да биде „моторот“ на екипата на средбата против грчкиот состав.

Теодосиќ оваа сезона бележи просек од 10.0 поени, 5.7 асистенции и 2.1 скок по натпревар.

Се вчитува...