Добри вести за Црвена Звезда пред гостувањето во Германија

Српскиот репрезентативец Филип Петрушев се чини дека ќе му биде на располагање на тренерот на Црвена Звезда, Јанис Сферопулос за тешкото гостување кај Баерн Минхен во 28. коло од Евролигата.

Еден од клучните кошаркари на белградскиот евролигаш не се чуствуваше добро пред авионското патување за Минхен и се очекуваше дека ќе остане во Белград, но е дел од експедицијата која замина во Германија.

Петрушев оваа сезона бележи просек од 13.8 поени и 5.о скокови на 21 одигран натпревар со што е еден од најдобрите поединци во составот кој со скор од 16 победи и 11 порази се бори за директно учество во четвртфиналето од разигрувањето за титула.

Се вчитува...