Црвена звезда триумфираше и во втората пресметка сезонава против Партизан во АБА – лигата со резултат од 86-74. Кошаркарите на актуелниот јадрански првак беа предводени од расположениот Огњен Добриќ, кој повторно импресионираше од линијата за три поени по она издание против македонскипот шампион МЗТ Скопје во претходното коло.
Јасно беше дека и во ова дерби ќе биде ќе има неизвесност во текот на средбата, па така Партизан прв направи потег освојувајќи го почетниот период со минимална предност од два поени (24-22). Звезда потоа полека почна да ја гради својата предност, сепак до паузата резултатот гласеше 49-43 во корист на домашната екипа во овој случај.
Партизан кон средината на третиот период не искористи шанса одново да направи пресврт на средбата, а потоа една серија на грешки во клучни моменти практично ги чинеше победа. Добриќ продолжи со шутерското шоу од втората четвртина, погоди шест тројки од седум обиди, вкупно 12 во последните два натпревари и го донесе својот тим на пракот на нова голема победа.
Се расположија и останатите кошаркари на Душан Алимпијевиќ, Звезда до крајот имаше реализација од речиси 50% од линијата за три поени, своевремено имаа и предност од +18 поени. Добриќ до крајот забележа 18 поени, при тоа во својата статистика додаде и три украдени топки, како и три скока. Лесорт реализираше 13, Дангубиќ 10 поени. Капитенот на Партизан, Новица Велиќовиќ одигра одлична партија постигнувајќи 20 поени, но не можеше сам да обезбеди победа за својот тим, Вилијамс Гос и Маринќковиќ беа следните најефикасни со по 15 поени.
По 18. кола Црвена звезда и натаму се бори со Будуќност за врвот на табелата во јадранското натпреварување, сега и двете екипи имаат по 33 поени. Партизан на другата страна ја губи трката за пласман на плеј-оф разигрувањата, на четири кола до крајот на регуларната дел од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА