Добринко Илиевски не е повеќе шеф на стручниот штаб на Брегалница, информираат од таборот на штипските „сини“. Раководството на клубот и, сега веќе, досегашниот тренер се одлучија на спогодбен раскин на договорот по соработката која трае од јули 2019 година.
„Сакам да се заблагодарам на раководството на клубот и сопственикот Кирил Гогов на довербата и поддршката која ја имав за време на целокупниот мој ангажман во Брегалница изминатиов период. На клубот му посакувам многу среќа и успех во продолжението од првенството и секако влез во Првата лига, каде и му е местото“ – истакна Илиевски за официјалната интернет страница клубот, по завршувањето на соработката со „сините“.
Брегалница, во следното коло од Втората лига – Исток ја очекува пресметката со Каменица Саса во Штип. Наредниве денови се очекува клубот да именува нов шеф на стручниот штаб кој ќе го води тимот до крајот на сезоната, во желбата за прволигашка промоција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА