Добринко Илиевски е нов тренер на кочанскиот второлигаш Осогово. Последен ангажман на Илиевски му беше Брегалница, кога беше асистент на Илчо Ѓорѓиоски. Во минатото беше и прв тренер на Брегалница, а и селектор на младите репрезентации до 17, 19 и 21 година.
Го водеше и Тетекс, и беше дел од стручниот штаб во Вардар и Македонија ЃП.
Илиевски доаѓа во Осогово на местото на Ефтим Аксентиев, кој пред неколку дена поднесе оставка поради несогласувања со раководството.
Во моментов кочанскиот второлигаш е во преговори со неколку играчи кои ќе треба да дојдат идната недела. Подготовките се веќе почнати, а на 23. јули е закажана првата пријателска средба против Каменица Саса.
Нови играчи на Осогово засега се Драган Паунов и Јован Дојчинов од Слога Виница, и Славче Митовски кој дојде од Беласица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА