Добриот стар бразилски фудбал: Нејмар по грешка беше заменет, па збесна на судиите (ВИДЕО)

Кога фудбалски натпревар се претвора во „Риалити шоу“ со Нејмар во главната улога. Ништо ново кога е во прашање фудбалот во Јужна Америка, а посебно во Бразил.

На ѕвездата на Сантос и се случи незамислива ситуација, четвртиот судија згреши, па Нејмар мораше да ја напушти играта, иако неговиот тренер немаше план да го замени.

Лутиот фудбалер зеде парче хартија и го покажа на камерата, обидувајќи се залудно да објасни дека тој не е оној што требало да биде заменет. Се беше залудно, судиите сепак стоеја на својата одлука.

Се вчитува...