Добрите стари навики – Рамос доби црвен картон, ПСЖ во финишот до реми со Лориен (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен одигра реми 1-1 на гостувањето кај Лориен во натпревар од 19. коло во француската Лига 1. Домаќините поведоа во 40. минута кога Монкодуи на феноменален начин го матираше Џанлуиџи Донарума. Додека конечните 1-1 ги постави Мауро Икарди во 91. минута.

Во вториот дел шанса доби и Серхио Рамо кој ја искористи на феноменален начин. Во рок од пет минути од 81. до 86. минута доби два жолти картони, со што го заработи првиот црвен картон како фудбалер на „светците“.

Црвениот картон на Рамос можете да го видите на следниот линк.

ЛИГА 1 РЕЗУЛТАТИ 19. КОЛО: 

Бордо – Лил 2-3

Лориен – ПСЖ  1-1

Лион – Мец 1-1

Марсеј – Ремс

Монако – Рен 2-1

Монпелје – Анже 4-1

Ница – Ленс  2-1

Сент Етјен – Нант 0-1

Троја – Брест 1-1

 

 

Се вчитува...