Добротворна аукција со „најславните“ костими на Линдзи Вон (ВИДЕО)

Пензионираната скијачка суперѕвезда, Линдзи Вон ги стави на аукција оделата од победничките трки за да собере пари за нејзината фондација преку која помага во едукацијата на девојчиња од социјално загрозени семејства.

Со оглед дека поради пандемијата на коронавирусот традиционалната манифестација за собирање пари беше откажана, Вон најде понаков начин за да дојде до потребните средства.

Таа ги става на аукција ленгендарните костими од најзапаметените трки. На пример „Капетан Америка“ кој беше направен за олимпискиот настап на Игрите во 2017 година како и „костимот виножито“ од Светскиот куп во 2012.

 

 

;

Се вчитува...