Шведска приреди големо изненадување откако ја исфрли фаворизираната Италија во борбата за пласман на СП 2018 во Русија. Швеѓаните на „Сан Сиро“ одигра нерешено (0-0) што им беше доволно за пласман на фудбалскиот мундијал, откако претходно славеа на домашен терен.
Голема заслуга за успехот на Шведска му припаѓа на 55-годишниот селектор, Јане Андерсон кој дури и во еуфоријата остана смирен. И додека неговите фудбалери го прославуваа пласманот на СП, тој по нив го собираше ѓубрето што го оставиле во соблекувалната.
По објавувањето на фотографијата, потегот на Андерсон доби многу пофалби и позитивни реакции на социјалните мрежи.
„За мене сето тоа е поврзано со почитувањето. Тоа е нашата идеја, ќе се шегуваме меѓусебно, но не сакам било кој потоа да го собира нашето ѓубре. Тоа е многу важна особина која сакам да им ја вградам и на своите играчи“, – објасни Андерсон кој е познат по тоа што многу внимание на однесувањето на играчите и надвор од теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА