Првото полувреме од натпреварот помеѓу Португалија и Гана донесе само два скромни обиди во рамките на противничкиот гол, но двете репрезентации се „распукаа“ во вторите 45. минути. Откако Роналдо ја донесе Португалија во предност, Ају изедначи на 1-1, Феликс повторно ги врати Португалците на добар пат за три бода.
Репрезентативците на Гана се уште се радуваа на голот, а напаѓачот на Атлетико Мадрид не пропушти шансата да ја затресе мрежата во 78. минута. А, само две минути подоцна во првиот контакт со топката Леао умешно ја искористи и својата шанса за 3-1.
Голот на Феликс може да го видите ТУКА, а голот на Леао ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА