Ракометарите на Алкалоид додека ја чекаат одлуката на ЕХФ за финалето кое што не се одигра проти АЕК во европскиот куп се врати на обврските во домашниот шампионат.
Вечерва избраниците на Кирил Лазаров славеа на гостувањето кај Тиквеш со 24-27 во меч од 7. коло од плеј-офот во Суперлигата.
Алкалоид почна фуриозно уште од самиот старт и веќе на полувреме имаше предност од 11-17. Во вториот дел тимот од Автокоманда само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 24-27. Мартин Серафимов со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Игор Кривокапиќ исто така постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

