Додека Роналдо ја „полнеше мрежата“ на противникот, на трибините вистински ужас (ФОТО)

Кристијано Роналдо на гостувањето кај Ал Вехда, вчера постигна четири гола во победата од 0-4. На својот клуб му донесе  три бода, но малку беше познато дека на трибините на стадионот се случувало вистинска драма.

На стадионот имало нешто повеќе од 27.000 лица, на кои не им беше ниту малку комотно за време на натпреварот. На дел од трибините на стадионот „Кинг Абдул Азиз“ во Мека, одеднаш се појавила наезда на скакулци кои брзо ја прерплавија трибината и скокале по навивачите. Дел од нив се решиле да си заминат многу порано од завршувањето на натпреварот за да ја избегнат оваа непријатна ситуација.

За Роналдо ова не е првпат да постигне четири гола. Го сторил тоа неколку пати со Реал Мадрид и во дресот на Португалија. Во С. Арабија стигна до бројката пет голови, а првиот стрелец Талиска има осум повеќе.

Се вчитува...