Доделени првите медали на ЛОИ во Париз

Кинескиот микс-пар Лихао Шенг и Јутинг Хуанг се освојувачи на првите златни медали на Летните олимписки игри во Париз откако денеска во микс натпреварувањето во стрелаштво во 10 метри воздушна пушка славеа во финалето над микс парот од Јужна Кореја Јихеон Кеум и Хајун Парк со 16-12.

Во дуелот за бронзениот медал репрезентацијата на Казахстан во состав Александра Ли и Ислам Саптајев славеа со 17-5 во рунди против германскиот двоец Ана Јансен и Максимилијан Улбрих.

Се вчитува...