Канаѓанецот Еван Данфи и Шпанката Марија Перез први стигнаа до титулатана Светското првенство во атлетика, кое започна рано наутро во саботата во Токио. Двајцата славеа во дисциплината брзо одење на 35 километри.
Во машка конкуренција во исклучително тешки временски услови поради висока влажност, беше видена драматична трка. Јапонците Кацуки и Кавано, како и еквадорецот Давид Хуртадо беа во водство до седум километри до крајот, додека Данфи беше четврти.
Потоа Јапонците фатија грчеви, додека Хуртадо беше казнет со казна од три минути стоење. Данфи го искористи тоа и го постигна најголемиот успех во својата кариера. Тој стигна до целта за 2:28:22 часа.
Среброто заврши околу вратот на Бразилецот Каи Бонфимо, кој беше 33 секунди зад победникот, додека Хајато Кацуки некако успеа да ги надмине проблемите и да го освои бронзениот медал со време од 2:29:16.
Во женска категорија, Марија Перез ги контролираше настаните на патеката практично од самиот почеток. На 25-от километар таа се одвои од својата единствена соперничка, Италијанката, Антонела Палмизано, и оствари убедлива победа со брилијантни 2:39:01.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

