Додев го продолжи договорот со Силекс за уште една година

Крилниот офанзивец Дарко Додев и натаму останува во Силекс продолжувајќи го договорот со кратовци за уште една година.

27-годишниот Додев ќе го носи „сино-црвениот“ дрес и во престојната 2025/26 сезона, објавија од ФК Силекс.

Додев за кратовскиот прволигаш досега има настапено на 95 натпревари во Првата македонска фудбалска лига, со постигнати 14 погодоци и 17 асистенции.

Се вчитува...