Водство за Силекс, и уште неколку шанси за кратовскиот тим е сето она што се случуваше во натпреварот со Пелистер кој се игра во Кратово во рамките од 10. коло во ПМФЛ.
Силекс целосно го надигра својот противник, а после неколкуте полушанси, се случи водството во 19. минута од средбата.
Од левата страна се проби Додев кој ја упати топката во петерецот, а таа се одби од еден од играчите на Пелистер, и од стативата заврши во голот.
Силекс можеше и до 2-0, но ударот на Мирчевски најпрво отиде милиметри крај голот, а обидот на Додев го одбрани Јовчевски.
Пелистер, конечно, се одлободи од притисокот во последните 6-7 минути кога преку Спировски го упати единствениот обид кон голот на Џеков, кој беше безопасен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

